Претпразнично, денеска, на 29 декември 2022 година, се собравме со нашите пријатели и соработници во просториите на Универзитетот да ја испратиме старата и да ѝ посакаме добредојде на Новата 2023 година.
Изминатата година беше полна со предизвици, но ние продолживме да работиме квалитетно и посветено и да нижиме многубројни успеси. Многу успеси во една тешка кризна година, од кои ниту еден не ќе беше возможен без сесрдечната безусловна поддршка на нашите семејства, пријатели и соработници. Затоа денеска славиме заедно. Ги славиме успесите што ги постигнавме заедно во изминатата година и предизвиците што повторно заедно ќе ги надминеме во Новата 2023 година!
Драги пријатели и соработници,
Тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ви посакува многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2023 година, вам, на вашите семејства, на вашите тимови, пријатели и соработници. Се надеваме дека во следните 365 дена ќе градиме заедно уште многу успешни приказни вредни за прослава!
Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2023 година!
