Можна соработка со неколку турски и меѓународни високо образовни институции, размена на студенти и искуства, беше главната цел на ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, при посетата на саемот за високо образование, кој се одржува во Истанбул од 25 до 27 јули 2025.
Во разговорите со претставници на универзитетите што беа присутни на саемот, ректорот Миленковски ги презентираше можностите за студирање на факултетите при Универзитетот Скопје, што предизвика посебен интерес кај соговорниците.
Договорено е, Универзитет Скопје, од идната година, да биде присутен и со свој штанд на овој престижен саем.
