Денес, ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, потпиша Меморандум за соработка со Тодор Петров, генерален секретар на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата-бегалци од егејскиот дел на Македонија „Македон“.
Меморандумот предвидува соработка на заеднички иницијативи, организирање настани и стипендии за членовите на Сојузот.
Овој чин претставува мотив и обврска за нас да продолжиме со уште поголема посветеност да соработуваме и да реализираме заеднички проекти од областа на образованието, културата и на историјата.
Продолжуваме неуморно да работиме за сите Македонци каде и да се!
