Желбата за професионална соработка на компаниите е на завидно ниво, а тоа го потврдува и фактот што нашите студенти имаат можност за посета на компании од различни области.
Стручната пракса на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси некои од студентите ја изведуваат и во ДЕ-МА Консалтинг. Тоа е консалтинг компанија, во чиј сектор за човечки ресурси, стручната пракса ја изведува студентот Атанас Таневски, студент во прва година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
